Mesut Zeyrek
22 Септември 2020•Ажурирај: 27 Септември 2020
КЕЛН
Во градот Вупертал, во Германија, се појавија снимки од полициско насилство врз маж со оштетен вид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките објавени на социјалните мрежи на 19 септември се гледа дека голем број полицајци, во центарот на градот Вупертал, насилно му ставаат лисици на лице со оштетен вид.
Исто така на снимките се забележува дека лицето со оштетен вид, коешто го приведуваат, вреска поради болките од насилството на полицијата.
Меѓу другото, на снимката се гледа како полицајците се обидуваат да не го дозволат снимањето на инцидентот и како им се закануваат на лицата што го снимаат приведувањето на лицето со оштетен вид.
Насилството нанесено од германската полиција врз лицето со оштетен вид предизвика остри реакција во јавноста.
Во коментарите напишани на социјалните мрежи се користеа изразите како што се: „Каков болен систем е ова“, „Терористите носат униформи“ и „Германијо, татковино моја, што се случува со тебе“.