Ekipa
20 Ноември 2023•Ажурирај: 21 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Палестинската Црвена полумесечина денес евакуира 28 предвремено родени бебиња од болницата Емирати во јужниот дел на Појасот Газа до граничниот премин со Египет, Рафа, пренесува Анадолу.
Новороденчињата се пренесени и се прават подготовки за да бидат трансферирани на лекување во Египет, соопшти хуманитарната организација преку платформата Х.
Се наведува дека евакуацијата се реализирала во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарната помош (ОЦХР).
Од Египет нема официјален коментар за деталите за процесот на евакуација.
Претходно, Црвената полумесечина соопшти дека евакуирала 31 предвремено родено бебе од болницата Ал-Шифа во градот Газа, во болницата Емирати во градот Рафа.
Израелската војска ја опколи болницата Ал-Шифа и ги присили луѓето внатре да излезат на улица.