Mustafa Deveci,Mahmut Geldi
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
ЕРУСАЛИМ
Израелската војска соопшти дека од Либан е изведен напад со противтенковски проектили врз Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека цел на нападите биле возилата и базата на Израелската војска.
Исто така, се наведува дека израелските сили одговориле на нападите врз јужното либанско подрачје.
Досега нема информации за настрадани во нападите, а локалните медиуми јавуваат дека израелските власти побарале од мештаните во пограничниот појас да не ги напуштаат своите домови.
Либанското движење Хезболах соопшти дека извело артилериски напади врз база на Израелската војска во местото Авивим.
Од Хезболах тврдат дека во нападот се убиени и ранети повеќе израелски војници.
Тензиите помеѓу Израел и Хезболах се во пораст од минатата недела, кога две израелски беспилотни летала паднаа во јужната периферија на Бејрут, а истиот ден израелските сили изведоа напади на позициите на Хезболах во сириски Дамаск.