Atila Altuntaş
18 Август 2016•Ажурирај: 20 Август 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Надлежниот ревизор за правата на децата во Шведска, Олан Нилсон, потврди дека од страна на шведската Агенција за даноци се одобрени 132 брака за децата бегалци под 18 години коишто се дојдени во 2015 година.
Во изјавата за новинарот на АА, Нилсон кажа дека во 2015 година, во 80 општини во Шведска од страна на Агенцијата за данок се издадени 132 изводи од книгата на венчани на децата бегалци. Нилсон истакна дека Агенцијата за даноци при одобрувањето на браковите побарала тие да покажат изводи од кигата на венчани од земјата каде што го направиле тоа и од каде што доаѓаат.
Нилсон истакна дека бракот под 18 години е забранет во Шведска, и додаде: „Според информациите што ни ги дадоа од канцеларијата за имигранти, во 80-те општини видовме 132 бегалци што стапиле во брак под 18 години. Одобрението за брак на овие деца од страна на Агенцијата за даноци, и покрај тоа што се под 18 години, за нас претставува грешка“.
Нилсон истакна дека Детскиот социјален оддел и надлежниот ревизор за правата на децата направиле напори за да ги земат под свое покривителство децата што стапуваат во брак под 18 години и дека ја предупредиле Агенцијата да не им дава одобрение за брак, затоа што овие деца имаат потреба од грижата на повозрасните.
- „Потврда дека децата бегалци во Шведска се изложени на сексуална трговија“ -
Во меѓувреме, полициските органи во Шведска одговорија на потврдите за тоа дека покрај многуте жалби, полицијата не презема ништо и не ги исртажува случаите со сексуална трговија со незаштитените деца бегалци.
Комесарот Матиас Сигфридсон од Дирекцијата за безбедност во Сканија во изјавата за локалните медиуми истакна дека има докази за наводите за сексуална трговија со децата бегалци и дека се избрзани истражувањата за да се обелодени овој случај.
На прашањето колку од пријавените случаи во 2015 се процесуирани, Сигфридсон изјави: „Успеавме да дојдеме до заклучок за неколку лица. Правиме сѐ што е во наши раце за да ги тужиме“.
Координаторот во регионот Сканија за борба против трговијата со луѓе, Лиса Грин рече дека не се доволни зборовите на Сигфридсон и дека бандите што ги земаат децата бегалци, ги принудуваат на проституција и прават сексуална трговија, добиваат големи пари.
- „Бројот на деца бегалци принудени на проституција во 2015 е 105“ -
Според објавениот извештај на Канцеларијата за мигранти, во 2015 година, 210 деца бегалци биле изложени на напади, а од нив 105 биле изложени на сексуална злоупотреба.
Во извештајот се наведува дека од злоупотребените деца, 60% биле женски, а пак другите 40% машки и 72% од злоупотребуваните деца биле на возраст од 15 до 17 години, а другите 28% под 15 години.