Mücahit Aydemir
28 Јуни 2023•Ажурирај: 29 Јуни 2023
АЛ-КУДС (АА) - Во комплексот Ал Акса во Ал Кудс (Ерусалим), бајрамска молитва (Бајрам-намаз) денес извршија околу 100.000 верници, јавува Анадолу.
Денеска муслиманите во светот го одбележуваат првиот од четирите дена на Курбан бајрам, а верниците извршија молитва и во комплексот Ал Акса во окупираниот Источен Ерусалим.
Канцеларијата за исламски вакаф во Ал Кудс соопшти дека на утринската бајрамска молитва присуствувале речиси 100.000 верници од Палестина и други делови од светот.
По молитвата следуваше традиционално честитање и честење со слатки.