Mustafa Melih Ahıshalı
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Потпретседателот на иранскиот Центар за меѓународна борба против дрога, Aсадула Хади Неџад, изјави дека 30 отсто од дрогата произведена во Авганистан преку Иран оди во Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Додека коалициските сили интервенираа во Авганистан, во земјата беа произведени 200 тони дрога. Откако овие сили се повлекоа, бројот е зголемен на 6.000 тони. Производството на дрога во Авганистан во текот на последните 13 години се зголеми речиси 30 пати“, рече тој.
Според неговите зборови, во Авганистан моментално се произведува околу 9.000 тони дрога.
„Околу 30 отсто од дрогата произведена во Авганистан, преку Иран оди во Европа“, рече Хади Неџад.
Хади Неџад за Иранската студентска новинска агенција (ISNA) рече дека европските земји се целниот пазар за производителите на дрога.
Тој додаде дека иранските и авганистанските сили заедно работат во борбата против трговијата со дрога, но дека сè уште не можат да го запрат пренесувањето на дрога во ранци.