Şerife Çetin
19 Јули 2018•Ажурирај: 20 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) е задоволна од укинувањето на вонредната состојба во Турција, воведена по обидот за државен удар во 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Задоволни сме поради укинувањето на вонредната состојба, воведена по обидот за државен удар во 2016 година“, се наведува во писменото соопштение на Кабинетот на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика.
Според соопштението, се очекува Турција да ги спроведува препораките на Советот на Европа и на Венецијанската комисија во насока на поделба на силите, и се упатува апел за отстранување на елементите на вонредната состојба која негативно влијае врз владеењето на правото, независноста на судството и основните слободи.
„Конкретните и постојани чекори кои ќе се направат во насока на владеењето на правото и основните слободи, имаат клучно значење за иднината на односите меѓу ЕУ и Турција“, се наведува во соопштението.