Erbil Başay,Mesut Zeyrek,Aliia Raimbekova,Ali Cura
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ/ГАЗА (АА) - Муслиманите низ Европа и другите делови на светот денеска го одбележуваат Рамазан Бајрам, а верниците ова утро ги исполнија џамиите во различни градови и со заедничка молитва едни на други си го честитаа еден од најголемите муслимански празници, јавува Anadolu Agency (AA).
Муслиманите во главниот град на Шведска, Стокхолм, се собраа утринава во џамијата Фитџа Улу. Пред молитвата, на верниците им се обрати пртседателот на Верската заедница во овој град, Фатих Мехмет Карач, кој зборуваше за важноста на единството и заедницата. Тој, исто така, истакна дека Бајрам е време на простување. По молитвата следуваше традиционална честитка.
Џамијата Аја Софија во берлинскиот кварт „Мите“ беше претесна да ги прими сите верници кои оваа утро дојдоа на молитва, така што голем број верници молитвата ја извршија во дворот на џамијата.
Муслиманите во рускиот главен град ја имаа молитвата во Централната џамија, која во Москва е отворена во 2015 година, во присуство на претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Тоа е џамија која прима 10.000 верници, но ова утро беше претесна за да ги прими сите верници кои дојдоа на молитва.
Во Централната џамија беа прочитани бајрамските пораки на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Димитри Медведев, а бајрамската програма и молитвата од џамијата во живо ја пренесуваше руската државна телевизија. Во Москва живеат помеѓу еден и два милиона муслимани, а на подрачјето на земјата има околу 20 милиони.
Околу 90.000.000 муслимани денес клањаа бајрам-намаз во џамијата Ал Акса во Ерусалим (Кудс), со што го дочекаа Рамазан Бајрам, најголемиот муслимански празник.
Од раните утрински часови околу комплексот на џамијата Ал Акса, имаше долги редици верници кои дојдоа на молитва.