AP
12 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Франсоа Оланд, претседателот на Франција, ги повика скоро 200-мина делегати да го усвојат првиот униврзален договор за климатските промени, кој требаше да се усвои уште вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
Оланд во текот на Конференцијата во Париз, во рамките на Самитот COP21 за климатските промени, им се обрати на делегатите велејќи дека договоорт ќе биде „без преседан“ и дека Франција бара од нив да го усвојат првиот универзален договор за климатските промени.
„Дванаесетти декември 2015 година може да стане историски ден, голем ден кој ќе влезе во историјата на човештвото. Сите нации на светот, на вас е да решите“, порача францускиот претседател.
Министерот за надворешни работи на Франција, Лоренс Фабиус, најави дека нацрт договорот ќе биде преведен на неколку јазици и претставен денес попладне.
Конференцијата во Париз, која започна на 29-ти ноември, требаше да заврши вчера, но шефот на француската дипломатија Лоренс Фабиус најави дека ќе трае еден ден подолго од предвиденото, со цел надминување на несогласувањата.