?????
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
КАБУЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) упатија апел да се соберат 361.5 милиони евра хуманитарна помош за милиони загрозени луѓе во Авганистан, јавува Anadolu Agency (АА).
Молбата во среда во живо на авганистанската национална телевизија ја упати Марк Бауден, хуманитарниот координатор на ОН во Авганистан, и Абдула Абдула, главниот извршен директор на Авганистан.
"Хуманитарниот план за Авганистан за 2016 година опфаќа милиони луѓе кои имаат потреба од храна и други основни потреби, вклучително и засолниште, здравствена заштита, вода за пиење", изјави Абдула.
Тој додаде дека се надева оти земјите-донатори ќе ги исполнат своите обврски од претходните години врзани со помошта и поддршката на ранливите луѓе во неговата земја.
Авганистан е една од најсиромашните земји во светот, редовно ја следат природните катастрофи како земјотреси и бури.