Kristina Maslareviç
08 Декември 2015•Ажурирај: 09 Декември 2015
БЕЛГРАД/ПРЕШЕВО (АА) - По проблемите на македонско-грчката граница, последните неколку дена бројот на бегалци од Сирија, во прифатниот центар во Прешево е зголемен, а само за еден ден, од неколку стотина се зголеми на над 2.500 илјади дневно, како што известуваат хуманитарните организации, кои водат сметка за нивното згрижување, јавува Anadolu Agency (АА).
„Преку ноќ не преминуваат веднаш од Македонија во Србија, остануваат на Табановце и тука ја чекаат зората. Со изгрејсонцето доаѓаат автобусите, спонзорирани од УНХЦР и тргнуваат во седум часот наутро. Тргнуваат толку рано за да го искористат бесплатниот превоз до Прешево“, рече Седа Кузучу од УНХЦР.
Таа додаде дека УНХЦР им помага на сите пристигнати бегалци и дека се подготвени за сите азиланти да ја добијат соодветната помош. Сепак, временските услови во полстудените денови влијаат на нивното движење.
Во Црвениот крст на Србија наведоа дека поради зимските услови е потребно повеќе облека за студените денови, но дека засега „ситуацијата е под контрола“.
„Само кај нас, во нашиот пункт, во последните три дена примивме над шест илјади луѓе на кои им дадовме помош. Таа помош оди преку Црвениот крст на Србија“, рече Ахмет Халими од Црвениот крст во Прешево.
Бегалците, затечени во прифатниот центар во Прешево, покриени со ќебе кое го добиваат како помош или го купуваат, наведоа дека се надеваат дека ќе имаат подобар живот, и покрај тоа што сега патувањто трае малку подолго.
Мухамед Јусуф од Сирија рече дека тргнал „дваесет дена порано од Турција“, стигна до Грција, во Солун и оттаму дошол до Македонија“.
„Тука бев два дена, беше многу студено, конечно стигнав овде“, рече Мухамед Јусуф, додека Аднан Ахмед, исто така од Сирија зборуваше за причините на напуштање на своите домови.
„Во својата земја не бев безбеден, неможев да го сочувам својот живот“, истакна Ахмед.