Hamdi Yıldız
20 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
ЛИБИЈА - Специјалната мисија на Обединетите нации (ОН) за Либија го изрази своето жалење поради последните случувања во земјата и подемот на воената ескалација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку официјалната страница на Мисијата на социјалните мрежи објавено е соопштение во кое се истакнува дека е неизбежно политичко решение за кризата во која се наоѓа Либија.
Во изјавата се наведува: „Мисијата на ОН продолжува да вложува напори за реконструкција на меѓународниот став кон Либија која се соочува со распад. Мисијата продолжува да ги охрабрува Либијците да се вратат на преговарачката маса, со цел да запре крвопролевањето и цивилното население да ги избегне понатамошните катастрофи. Жалиме поради последните случувања во земјата и подемот на воената ескалација.“
Хафтар, водачот на вооружените сили од источниот дел на Либија, на 4 април започна напад со цел да го заземе главниот град Триполи, по што единиците на Владата на национално единство кои имаат меѓународен легитимитет започнаа контраоперација.
Пучистот, генералот Хафтар, на 12 декември издаде наредба за нов напад на Триполи под називот „Решавачка војна“. Наспроти наредбата што ја издаде генерал Хафтар, во девет града од западниот дел од земјата, првенствено во Мисрата, објавена е мобилизација.