Bayram Altuğ
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека од 1 мај досега, од подрачјето на Рака во Сирија, кое е под контрола на ДЕАШ, раселени се 87.200 цивили. Исто така, во соопштението се додава дека се ОН загрижени за безбедноста на околу 400.000 цивили кои се изложени на воздушни напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата за координација на хуманитарните прашања соопшти дека хуманитарната ситуација во Рака е застрашувачка, и истакна дека се соочуваат со големи проблеми при доставувањето на хуманитарната помош до народот на кој му е потребна итна помош во храна и лекарства.
Во соопштението се истакнува дека храната и медицинскиот материјал се трошат многу бргу. Од 1 мај досега, од подрачјето на Рака се раселени 87.200 цивили.
Освен тоа, ОН ја истакна и својата длабока згриженост за безбедноста на 400.000 цивили поради планот за дневни воздушни напади врз градот од страна на коалициските сили предводени од САД и престрелките што се случуваат во Рака.
ОН, во своето соопштение упатија апел со барање за местата во Сирија коишто се под опсада и оние до коишто тешко може да се пристапи, каде што се наоѓаат 4,5 милиони луѓе, да се овозможи безусловна, неограничена и постојана можност за испорака на хуманитарна помош.
Во соопштението се наведува дека повеќе од 160.000 цивили се раселени од Алепо, Идлиб, Хама, Деир ез Зор и од Хомс.