Sarp Özer
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
БРИСЕЛ (AA) - Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, министерот за одбрана на Турција Фикри Ишик и францускиот министер за одбрана Жан Ив ле Дриан во среда на трилатерален состанок во Брисел потврдија согласност за темелните принципи во борба против терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројцата функционери во текот на денешниот состанок донесоа одлука дека ќе продолжат со состаноците за ова прашање и во наредниот период.
Според дипломатски извори, тројцата министри највеќе разговарале за последните случувања во Сирија и Ирак, посебно за операцијата за ослободување на Мосул.
Турскиот министер Ишик во таа прилика истакнал дека е многу важно, како што рекол, да не се узурпира демографската структура во Мосул, Телафер и Рака, што силно го поддржале и другите двајцата министри.
На состанокот е услогласено дека е важно дека по завршувањето на операциите во Мосул и Рака, локалното население да презеде одговорност за управување со спомнатите градови.
Ишик исто така изјави дека е природно тоа што Турција, како една од членките на меѓународната коалиција, од самиот почеток учествувала во операциите на ослободување на Мосул.
„Не постои ниту една пречка да учествуваме како коалиција во ирачките воздушни напади. Нашите авиони се спремни за задача", рече Ишик.
На крајот додаде дека Турција ги следи дешавањата во Мосул, бидејќи како што рече, во случај на масовни миграции од Мосул, Турција би била првата земја кон која би се движеле новите бегалци.