Bayram Altuğ
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации и 22 меѓународни хуманитарни организации остро ја критикуваа одлуката на коалицијата предводена од страна на Саудиска Арабија за затворањето на аеродромите, пристаништата и копнените граници во Јемен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Хуманитарната криза во Јемен е многу критична и предизвикувањето блокада во доставувањето на храна, гориво, лекови и другите потрепштини има потенцијал да турне во глад и во смрт милиони лица“, се наведува во заедничката изјава на ОН и 22 невладини организации, меѓу кои се „Islamic Relief“, „Islamic Help“, „Save The Children“, „Handicap International“, „Oxfam“ и „Relief Interntional“.
Потписниците на изјавата упатуваат повик итно да се отворат аеродромите, границите и пристаништата во Јемен, кој е зафатен со војна.
Во изјавата се нагласува дека речиси 20 милиони лица во Јемен зависат од меѓународната хуманитарна помош, а меѓу нив се и 2,2 милиони потхранети деца, а на најмалку 385.000 мали деца на кои им е потребна итна хоспитализација.
ОН и невладините организации истануваат дека тригодишната војна е голема катастрофа што ја доживува народот во Јемен, и предупредија дека блокадата на доставувањето хуманитарна помош би можела да предизвика нова погубна епидемија на колера.
„Ја повикуваме коалицијата што ја предводи Саудиска Арабија итно да отвори хуманитарни воздушни линии и да им овозможи на хуманитарците без пречки да достават помош до оние на коишто им е итно потребна во Јемен“, се наведува во заедничката изјава на ОН и 22 невладини организации.
Заменикот генерален секретар на ОН задолжен за хуманитарни прашања, Марк Локок, предупреди дека Јемен би можел да стане средиште на невидена катастрофа доколу Саудиска Арабија продолжи со потполната блокада на таа земја.