Ekip
09 Октомври 2022•Ажурирај: 11 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Според податоците на Обединетите нации (ОН), најмалку 100 Палестинци се убиени од страна на Израел во окупираниот Западен Брег во текот на оваа година, известува Агенција Анадолија (АА).
„Вознемирен сум поради влошената безбедносна ситуација, вклучувајќи го и зголемувањето на вооружените судири меѓу Палестинците и израелските безбедносни сили во окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и просторот на Источен Кудс (Ерусалим)“, изјави посебниот координатор за блискоисточниот мировен процес Тор Венесланд.
Израелската Војска постојано изведува рации и спроведува кампањи за приведување низ окупираниот Западен Брег и во Источен Кудс, под изговор дека бара Палестинци, предизвикувајќи судири со локалното население.
Според податоците на палестинската страна, повеќе од 140 Палестинци се убиени, а стотици се повредени од истрели упатени од израелската Војска на Западниот Брег оваа година.