Tolga Özgenç
10 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски соопшти дека во нападите кои утрово се изведени на Киев има мртви и ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Украинските медиуми јавија дека во утринските часови изведени се повеќекратни напади на градовите Киев, Лавов и Дњепар.
„Се обидуваат да нè уништат, 229 дена војна, да нè збришат од лицето на земјата. Ги убиваа оние кои спијат во своите домови во Запорожје и оние кои одеа на работа во Киев“, рече Зеленски.
„За жал, имаме мртви и ранети. Ве молам, не ги напуштајте засолништата“, порача тој.