Mustafa Deveci
09 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
ДНЕПАР (АА)
Најмалку 12 лица загинаа, а десетици се повредени во рускиот напад на Запорожје, град во југоисточниот дел на Украина, потврди денес претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во нападот се повредени 49 лица, вклучувајќи и 6 деца, објави на Телеграм претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
„Повторно Запорожје. Повторно немилосрдни удари врз мирни луѓе во станбени згради среде ноќ“, рече Зеленски.

Претходно украинските официјални лица соопштија дека во Запорожје загинале 17 лица.
Во потполност е уништена станбена зграда, додека неколку објекти и возила во околината се оштетени во голема мерка во ракетниот напад на Русија.
Запорожје е еден од четирите украински региони, заедно со Доњецк, Луганск и Херсон, анектирани од страна на Русија по референдумите, кои меѓународната заедница и Украина ги осудија.