Cem Genco
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
ХАТАЈ (АА) - Хуманитарната помош на Обединетите нации (ОН) е испратена на жителите на сирискиот град Идлиб, а станува збор за конвој кој се состои од 17 камиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што изјави новинарот на АА од Хатај, конвојот со хуманитарна помош преминал на територијата на Сирија преку граничниот премин Чилвеѓозу.
Се дознава, исто така, дека оваа хуманитарна помош во текот на наредните денови ќе биде поделена на жителите во и околу градот Идлиб.
Идлиб е најголема енклава под контрола на опозицијата во Сирија. Со посредство на Турција и Русија, во Сочи, во септември минатата година беше постигнат договор за примирје во Идлиб и воспоставување безбедносна зона за цивилите.
Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од тој регион, а силите лојални на режимот на Асад извршија низа артилериски и воздушни напади во тој регион.
Мрежата за човекови права во Сирија (SNHR) во последниот извештај наведе дека во режимските напади од почетокот на годината во Идлиб биле убиени најмалку 68, а ранети 260 цивили.