Ekipa
15 Септември 2023•Ажурирај: 16 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Повеќе од 38.640 луѓе се раселени поради разорните поплави во Либија, објави денес Агенцијата за миграција на Обединетите нации, јавува Анадолу.
Најмалку 30.000 луѓе се раселени само во областа на градот Дерна поради бурата „Даниел“, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Либија.
„Се верува дека повеќе од 5.000 се мртви, со вкупно 3.922 смртни случаи регистрирани во болниците, според извори на Светската здравствена организација“, се вели во соопштението и се додава дека спасувачките тимови продолжуваат со потрагата.
„Обновата на одредени патишта, кои претходно беа блокирани, им овозможува на луѓето да ги напуштат областите погодени од невремето во потрага по безбедно засолниште и основни потреби“, додаде ИОМ.
Најмалку 6.000 луѓе загинаа, а илјадници се водат како исчезнати во поплавите во источниот дел на Либија за време на викендот, покажуваат најновите официјални податоци на либиските власти.