Bayram Altuğ
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека најмалку 1.430 цивили ги загубиле животите во Украина за време на руско-украинската војна, а 2.097 цивили се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации споделени се податоци за бегалската криза во Украина.
Во соопштението се наведува дека во периодот од 24 февруари до 3 април, 4.215.047 бегалци од Украина преминале во соседните земји, од кои повеќе од половина во Полска.
Од соседните земји најмногу бегалци има во Полска (2.451.342 бегалци), потоа следуваат Романија (643.058), Молдавија (394.740), Унгарија (390.302) и Словачка (301.405).
Меѓу другото, се наведува дека 113.000 луѓе преминале во Русија од регионите Доњецк и Луганск на 21-23 февруари.
Познато е дека стотици илјади бегалци кои од Украина заминаа во соседните земји, од таму отидоа во други европски земји.
Меѓународната организација за миграција (IOM) поврзана со ОН, исто така, соопшти дека 6,5 милиони цивили се раселени во Украина.
- Најмалку 1.430 цивили ги загубија животите
Во соопштението на Високиот комесаријат за човекови права на ОН се нагласува дека во руско-украинската војна од 24 февруари до 3 април животот го загубиле најмалку 1.430 цивили, а повредени се 2.097 цивили.
Исто така се нагласува дека бројот на загинати цивили и ранети може да биде многу поголем од тие што се регистрирани.
Се додава дека повеќето од цивилите животот го загубиле од употреба на експлозивно оружје со широк опсег, вклучувајќи бомбардирање и воздушни напади, тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање.
ОН ги соопштуваат само бројките што може да ги потврдат во врска со цивилните жртви во Украина.
Според украинските власти, бројот на цивили што ги загубиле животите е многу поголем.