Yusuf Hatip
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
БРИСЕЛ (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во повеќе земји од светот, особено во Јемен, Демократска Република Конго и Авганистан, 113 милиони луѓе страдаат од „акутна глад“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Глобалниот извештај за кризата со храна за 2019 година, објавен од Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН, минатата година Јемен, Демократска Република Конго, Авганистан, Етиопија, Судан, Јужен Судан, Нигерија и Сирија се земјите кои се соочуваат со глад.
Во извештајот се вели дека во овие 8 земји, речиси 72 милиони луѓе страдаат од акутна глад. Војните, економските проблеми, природните непогоди поврзани со климатските промени и неможноста да се обезбеди сигурноста во земјите се главните причини за проблемите со гладта.
Според наведените податоци, во 53 земји во светот, на 113 милиони луѓе им е потребна брза хуманитарна помош. Во 2017 година, бројот на луѓе кои страдале од глад во светот изнесувал 124 милиони.
- Јемен е најмногу погоден од кризата со глад -
На глобално ниво, според извештајот, од „акутна глад“ најмногу лица страдаат во Јемен - 15,9 милиони. Следува Демократска Република Конго со евидентирани 13,1 милион лица и Авганистан каде што 10,6 милиони лица страдаат од глад.
Во извештајот, исто така, пишува: „Продолжувањето на акутните и хронични недостатоци забележани во исхраната на децата и понатаму длабоко нѐ загрижуваат.“