Betül Yürük
19 Јануари 2018•Ажурирај: 19 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Специјалниот советник на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за превенција на геноциди,Адама Диенг, предупреди на се поголеми судири во „неконфликтните зони“ на Идлиб и Источна Гута, како и на разорувачки ефекти од воздушните напади врз цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Диенг и специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за човекови права, Иван Шимоновиќ, упатија заедничка изјава, во која е наведено дека од ноември минатата година 393.000 лица во Источна Гута биле изложени на напади и бомбардирања од страна на режимските сили во Сирија, и силите кои пружаат поддршка на режимот.
Нагласено е дека цивилите во Источна Гута се соочени со недостаток на храна и проблем со недостиг на грана и предупредено е на разорувачките ефекти на воздушните напади врз цивилите.
Од ОН порачаа дека во Источна Гута само во првите 10 дена оваа година загинале најмалку 85 цивили, меѓу кои 30 деца. Судирите на јужниот дел на Идлиб и околината на градот Хама исто така предизвикаа страдање на цивилите, а повеќе од 200.000 жители на овие региони се раселени.
Истакнато е дека на мета на нападите во „неконфликтните зони“ биле четири здравствени установи и две училишта.
Порачано е дека нема да се молчи на страдањето на цивилите во Сирија, и упатен е повик до сите страни во Сирија, како и до Советот за безбедност на ОН да се осудат овие напади и да се заштитат цивилите.