Gülşen Topçu
14 Февруари 2019•Ажурирај: 16 Февруари 2019
САЛАДИН (АА) - Во операцијата спроведена во ирачкиот град Мосул неутрализирани се тројца милитанти на терористичката организација ДЕАШ, а почина уште еден милитант, кој го активирал експлозивот што го носел на себе, јавува Anadolu Agency (AA).
Поручникот Ала Осман, за АА изјави дека цел на заедничката операција на полицијата на Нинeва и ирачката војска биле тунелите во планините Бахира, југозападно од Мосул, во кои се криеле милитантите на ДЕАШ.
Осман соопшти дека во настанатиот судир убиени се тројца милитанти на ДЕАШ, а еден милитант се самоубил, активирајќи го експлозивот што го носел на себе.
Сад Мухамед од Командата на операцијата изјави дека милитантите на ДЕАШ се обиделе да киднапираат 30-ина цивили од подрачјето јужно од Саладин, но дека безбедносните сили успеале да ги спасат цивилите.
Капетан Хамид ел Убејди соопшти дека и во Керкук милитантите на ДЕАШ извршиле напад врз точка контролирана од единиците поврзани со федералната полиција, информирајќи дека во судирот се убиени милитанти, но дека има ранети и меѓу полицијците.