свет

Ќе започнат активности за ексхумација на повеќе од 2.000 тела фрлени во дупката во Мосул од страна на ДЕАШ

Ali Makram Ghareeb  | 06.03.2025 - Обновена : 06.03.2025
Ќе започнат активности за ексхумација на повеќе од 2.000 тела фрлени во дупката во Мосул од страна на ДЕАШ

Мосул

Ќе започне процесот на ексхумација на телата на повеќе од 2.000 Ирачани кои терористичката организација ДЕАШ во периодот од 2014 до 2017 година ги фрлила во дупката Хасфа во јужниот дел на градот Мосул во Ирак, известува Анадолу.

Изјава даде гувернерот на Мосул, Абдулкадир ал-Дехил, кој ја посети дупката Хасфа, оддалечена околу 20 километри јужно од Мосул.

Дехил изјави дека наскоро ќе започне процесот на ексхумација на телата на повеќе од 2.000 жители на Мосул, фрлени во дупката од страна на терористичката организација ДЕАШ.

Гувернерот на Мосул рече дека овој чекор го преземаат за оние што со години не можат да добијат никакви информации за судбината на своите деца и роднини.

Дехил, кој објави дека стотици невини луѓе од Мосул биле фрлени во дупката од страна на терористите, потсети дека со тој процес е извршен најбрутален чин во модерната историја на Ирак.

Тој истакна дека дупката се претворила во масовна гробница во 2016 година и дека таму биле фрлени 2.080 тела во еден ден.

Како што информираше Дехил, исто така и телата на припадниците на ирачките безбедносни сили биле фрлени во дупката од страна на терористичката организација и додаде:

„Според очевидци, во текот на годините кога ДЕАШ го контролираше градот, во еден ден тука донеле стотици невини луѓе, ги убиле и потоа ги фрлиле во дупката.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın