Burcu Çalık
02 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
АНКАРА
Најмалку двајца терористи се неутрализирани при воздушните операции на турските воени сили, во рамките на операцијата „Канџа“, во регионот Зап во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција, преку Твитер соопшти дека како дел од операцијата „Канџа“ извршени се воени операции во северниот дел на Ирак.
Во рамките на операцијата уништени се упоришта, засолништа и магацини за муниција користени од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а неутрализирани се најмалку двајца терористи.