Ali Murat Alhas
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за одбрана денес соопшти дека како дел од неодамна започнатата операција „Пролетен штит“ во северна Сирија, во текот на изминатите 24 часа биле неутрализирани 184 војници на режимот на Асад и дека биле уништени воени возила и оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се вели дека турската воена операција се спроведува успешно заедно со воздушна и копнена помош.
„Во текот на изминатите 24 часа се уништени 4 тенкови, 5 топови/MLRS [Мултилансиран ракетен систем], 3 противтенковски оружја, 8 воени возила, 2 митралези и 2 оклопни возила“, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека биле неутрализирани 184 војници на режимот на Асад.
Турција ја започна операцијата „Пролетен штит“, откако 34 турски војници загинаа во Идлиб, кој се смета за деескалациска зона во северозападна Сирија.
Во 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во зона за деескалација, во која строго се забранети актите на агресија.
Но, режимот и неговите сојузници, вклучително и силите поддржани од Иран, постојано ги кршат условите за прекин на огнот, започнувајќи чести напади во рамките на територијата.
Повеќе од 1.300 цивили загинаа во ваквите напади во деескалациската зона во Идлиб, при што 1,7 милиони бегалци се упатија кон турската граница со Сирија.