Mohamad Misto,Halit Süleyman
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Припадниците на опозициската војска во Сирија започнаа напади на позициите на режимските сили во Алепо кои ги држат во опкружување, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозицијата со тешко вооружување дејствува на позициите на режимските сили, а опозициските групи ги предводи бригадата Фетих.
Како што јави репортерот на АА од Алепо, опозициските сили ги бомбардираат позициите на војската лојална на Башар ал Асад со ракети од типот „град“ и „фил“.
Опозицијата најави голема офанзива со цел разбивање на опсадата на Алепо, а акциите се започнати денес, по тримесечни подготовки.