Zeynep Tüfekçi
28 Октомври 2016•Ажурирај: 29 Октомври 2016
РИЈАД (АА) - Коалициските сили под раководство на Саудиска Арабија соопштија дека на едно подрачје оддалечено 65 километри од Мека, собориле проектил исфрлен од страна на Хусите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на официјалната информативна агенција на Саудиска Арабија СПА, Командата на коалициските сили на подрачје оддалечено 65 километри од Мека, собориле проектил кој од страна на Хусите бил упатен од провинцијата Сада во Јенем.
Во информацијата се вели дека проектилот бил блокиран од страна на системот за воздушна одбрана и притоа во настанот нема човечки жртви.
Хусите кои извршија пуч врз легитимната власт во Јемен, од септември 2014 година досега, почнувајќи од Сана, под своја контрола држат повеќе подрачја во Јемен. Коалициските сили под раководство на Саудиска Арабија ѝ даваат поддршка на јеменската влада против Хусите.
Хусите повремено во пограничното подрачје вршат ракетни напади врз Саудиска Арабија.