Fatma Bülbül
28 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека неговата земја не треба да ги прима бегалците кои доаѓаат на тлото на Европа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Орбан изјави дека бегалците не треба да бидат распоредени во Европската Унија, туку наместо тоа, треба да бидат иселени надвор од Европа
„Унгарија одбива дури и привремено да ги прифати бегалците“, изјави Орбан, додавајќи дека земјата им помогнала на христијанските заедници во завојуваните области.
Унгарија ги зајакна своите граници со полиција и војници, со поддршка на Вишеградската група – Чешка, Полска и Словачка, како дел од мерките за борба против влез на бегалците на нејзината територија.
Во текот на 2015, Унгарија подигна жичена ограда на границата со Србија и Хрватска, со цел да го запре бранот бегалци од исток.
Воведени се и казни за нелегалното поминување на граничните премини, и прогласена е состојба на готовност во пограничните области.