Mehmet Yılmaz
16 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
БУДИМПЕШТА (АА) - Претседателот на Унгарија, Виктор Орбан, беше еден од учесниците на Меѓународниот форум за соработка „Еден појас, еден пат” во Кина. Во рамките на својот говор тој истакна дека секогаш се изразува почит кон Ердоган, и додаде дека безбедноста на Европа и на Унгарија во голема мера зависи од Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во Пекинг, главниот град на Кина, беше организиран Меѓународниот форум за соработка „Еден појас, еден пат”, на кој еден од учесниците беше и Виктор Орбан, претседател на Унгарија. Во интервју за унгарската национална телевизија, претседателот Орбан даде процена за своето учество на форумот во Кина.
Во интервјуто, Орбан ја истакна и средбата со својот колега Ердоган, претседателот на Турција, и нагласи дека добрите односи меѓу Унгарија и Турција се во интерес на националната безбедност на Унгарија.
„Секогаш ја изразуваме нашата почит кон претседателот Реџеп Таип Ердоган. Во голема мера, безбедноста на Европа и на Унгарија зависат од Турција, бидејќи Турција денес е стабилна земја и ја спречува илегалната миграција. Совршените турско-унгарски односи се дел од националната безбедност на Унгарија”, изјави Орбан во продолжението на неговото интервју.
Од канцеларијата за информирање на Владата на Унгарија се соопштува дека под покровителство на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) се врши реставрација на турбето „Ѓул Баба“ во Будимпешта, кое е историски споменик од османлиско време. Во соопштението се наведува дека во најскоро време се очекува да завршат работите околу реставрацијата на турбето, а на церемонијата за отворање на турбето се очекува да учествува и турскиот претстедател Ердоган.