Dildar Baykan Atalay
21 Октомври 2021•Ажурирај: 22 Октомври 2021
ВАШИНГТОН
Едно лице е повредено во оружен напад што се случи во градината на Управата за верски работи (Дијанет) на Америка (DCA), лоцирана во близина на главниот град на САД, Вашингтон, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од полициски извори, неидентификувано лице отворило оган веднаш по погребната молитва која е одржана во центарот во државата Мериленд, напладне по локално време.
Лицето кое е повредено во нападот е пренесено во болница. Властите наведуваат дека повредениот не е во животна опасност и дека сѐ уште се трага по напаѓачот.
Додека полициската истрага за инцидентот продолжува, изворите истакнаа дека инцидентот нема поврзаност со Управата за верски работи (Дијанет) и дека се работи за индивидуален напад.
Исто така, се додава дека Управата на центарот тесно соработува со локалните власти за да се идентификува напаѓачот.