Eshat Fırat
29 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските власти ја ослободија 14 годишната Мелек ел-Кализ, најмладата затвореничка во израелските затвори, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинката во затвор помина околу седум месеци, а на новинарите им кажа дека била во затворот Хашарон.Таа истакна дека во затворот се наоѓаат голем број на Палестинки со мали деца.
Условите во затворот ги опиша многу тешки, наведувајќи дека израелските службеници лошо и грубо се однесуваат кон жените во затворите.
Според податоците на Палестинската делегација за затвореници кои дејствуваат при Палестинската ослободувачка организација (PLO), 14.годишната Мелек е најмладата Палестинка затворена во израелските затвори.
Мелек е уапсена на 26.мај на воената контролна точка Календија меѓу Кудс и Рамала поради наводниот напад со нож.
Според податоците на палестинските власти, Израел во моментот во затворите држи околу 7.000 Палестинци, од кои поголемиот дел доаѓаат од окупираниот Западен брег. Меѓу нив се и околу 300 малолетници.
Израелската војска во последно време спроведува апсења ширум Западниот брег, под изговор дека трага по бараните Палестинци.