свет

Откажани 120 летови на аеродромот во Франкфурт поради неповолни временски услови

- Обилните снежни врнежи и ниските температури во Германија, предизвикаа одредени ограничувања на аеродромот во Франкфурт. Портпаролот на аеродромот за германскиот печат изјави дека се откажани 120 од вкупно 1.090 летови планирани за денеска.

Cüneyt Karadağ  | 05.01.2025 - Обновена : 06.01.2025
Откажани 120 летови на аеродромот во Франкфурт поради неповолни временски услови Фото: Илустрација

БЕРЛИН (АА) - Обилните снежни врнежи и ниските температури во Германија, предизвикаа одредени ограничувања на аеродромот во Франкфурт, известува Анадолу.

Портпаролот на аеродромот за германскиот печат изјави дека се откажани 120 од вкупно 1.090 летови планирани за денеска.

Откажувањето на летовите е поради чистењето на пистите и видливоста.

Во објавата дадена на веб-страницата на аеродромот, им се препорачува на оние кои патуваат денес да се консултираат со своите авиокомпании за нивните летови и да одвојат дополнително време поради времето на чекање на аеродромот.

Германската служба за метеорологија предупреди и на појава на мраз во многу покраини во земјата.

Длабочината на снегот во Тирингија достигнала 23 сантиметри на некои места.

Вчера поради мраз беа откажани 30 летови на аеродромот во Берлин.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.