Sayed Khodaberdi Sadat
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
КАБУЛ (АА) - На подрачјето на Логар, во Авганистан, се сруши пакистански хеликоптер, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерот на Логар, Селим Салех потврди дека станува збор за пакистански хеликоптер и дека тој паднал на подрачје што го контролираат талибанците.
Според неговите зборови, по падот дошло до пожар во хеликоптерот, а сѐ уште не е познато каде е екипажот што се наоѓал во него.
Портпаролот на амбасадорот на Пакистан во Кабул, Актар Мунир, исто така ја потврди информацијата за падот на хеликоптерот и дека нема информации за пилотите.
Авганистанските официјални лица потврдија дека дале одобрение хеликоптерот да влезе во авганистанскиот простор. Во хеликоптерот се наоѓале шест Пакистанци и еден Русин. Постојат сомневања дека тие лица се наоѓаат во рацете на талибанците.
Талибанците сѐ уште не се огласија во врска со овој случај.