Muhammet Nazım Taşcı
27 Октомври 2020•Ажурирај: 28 Октомври 2020
ИСЛАМАБАД
Во експлозија во медреса во Пакистан загинаа седум лица, а 70 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека експлозијата се случила во медреса на подрачјето на Пешавар, во Хајбер Пахтунва. Експлозијата се случила за време на настава.
Комесарот Мансур Аман изјави дека според прелиминарните податоци, користени биле пет килограми рачно изработен експлозив.
Тој потврди дека загинале најмалку седум ученици, а повредени се 70 лица, меѓу кои има и ученици.
На местото на настанот се наоѓаат голем број возила на итната помош и пожарникари. Сè уште никој не презеде одговорност за нападот.