Ekipa
21 Октомври 2020•Ажурирај: 21 Октомври 2020
КАРАЧИ (АА) - Најмалку пет лица загинаа, a десетици се повредени во експлозија која се случи во четирикатна зграда во источниот дел на пакистанскиот град Карачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Експлозијата се случила на првиот кат од станбената зграда.
Сѐ уште не се знае причината за експлозијата која следеше по експлозијата на импровизирана експлозивна направа во јужниот дел на Карачи, во која беа повредени шест лица.
Фаисал Еди, шефот на Фондацијата „Еди“, невладина агенција за помош и спасување, за новинарите изјави дека се извлечени пет тела, 15 се повредени, од кои неколку се наоѓаат во критична состојба.
Тој истакна дека многу лица се заглавени на третиот и четвртиот кат од зградата, кои се тешко оштетени од експлозијата.
Остатоци од експлозијата се расфрлани на сите страни, а работниците се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе од под урнатините.