Amir Latif Arain
04 Мај 2023•Ажурирај: 09 Мај 2023
КАРАЏИ (АА) - Најмалку 7 професори се убиени денес кога вооружени напаѓачи пукале во едно училиште во северозападниот дел на Пакистан, објави полицијата и локалните медиуми, известува Анадолу.
Вооружениот напад се случил во државното училиште во Парачинар, сместено на границата со соседен Авганистан, објави локалната телевизија „Дунја Њуз“ (Dunya News).
Учениците во училиштето полагале завршни испити кога се случил вооружениот напад.
Полицијата информираше дека го истражува мотивот за инцидентот и додаде дека нападот би можел да биде поврзан со тероризам.
Парачинар е единствениот град со шиитско мнозинство на население во северозападната пакистанска провинција Хајбер-Пахтунва и често е цел на терористички напади.
Пукање во училиштата во Пакистан се ретка појава. Повеќе од 140 луѓе, воглавно студенти, се убиени при напад со пиштол и бомба во военото училиште во Пешавар, во северозападниот дел на земјата, во декември 2016 година.