Eshat Fırat
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
РАМАЛАХ (AA) - Палестинската ослободителна организација (ПЛО) соопшти дека мировните преговори помеѓу Палестина и Израел кои ги водат Соединетите Американски Држави (САД) се суспендирани се додека Вашингтон не се откаже од одлуката во врска со Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Саеб Мухамед Салих Ерекат, генералниот секретар на ПЛО, преку социјалните мрежи порача дека Палестинците нема да преговараат со САД во рамките на мировните преговори со Израел.
„Секој Палестинец кој ќе се состане со американската страна во врска со мировните преговори преговори ќе биде запаметен како некој кој ја признал одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп. Поради тоа нема да има преговори со САД во рамките на мировниот процес се додека не се откаже од одлуката за Ерусалим", напиша Еркат.
Американскиот претседател Доналд Трамп во среда го призна Ерусалим како главен израелски град и најави преместување на амабасадата на САД од Тел Авив и покрај силното спротивставување на меѓународната заедница.
Ерусалим останува во центарот на израелско-палестинските судири, а Палестинците се надеваат дека источен Ерусалим, кој моментално е под окупација на Израел, дека ќе биде главен град на идната палестинска држава.