Kaamil Ahmed
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестински пратеник е меѓу 13-те активисти уапсени од страна на израелските сили денес, во операцијата против движењето Хамас во Западниот Брег окупиран од Израел, јавува Anadoly Agency (AA).
Оние лица што се уапсени денес биле дел од локалната командна структура на групата од Западниот Брег и биле финансирани од раководството на Хамас во Појасот Газа, блокиран од страна на Израел, се вели во соопштението на армијата.
Од Партијата на Хамас за промени и реформа се вели дека вкупно 16 активисти биле уапсени во денешните операции, вклучувајќи го и Ахмед Мубарак, палестински пратеник во областа Рамала.
Вчера, израелските сили исто така го уапсија и палестинскиот новинар Мохамед ал-Кеек, кој штрајкуваше со глад 94 дена во 2015 година, во знак на протест против неговиот долготраен притвор, спроведен од страна на Израел без судење.
Според зборовите на неговата сопруга, Фајха Шалаш Ал-Кеек (која е ослободена во мај 2016 година), тој започнал нов штрајк со глад откако вчера беше повторно уапсен.