16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
КАНКУН (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се ранети во оружен напад во еден ноќен клуб во мексиканското летувалиште Плаја дел Кармен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според мексиканските медиуми, вооружениот напаѓач влегол во ноќниот клуб „Блу перот“ во раните утрински часови, околу 2.30 часот по локално време.
Во местото кое важи за еден од најпопуларните ноќни клубови биле присутни голем број туристи.
Фотографиите и снимките покажуваат голем број лица на улиците и екипи на итна помош.
Полицијата сѐ уште нема информации дали напаѓачот е убиен во бегство.