Qays Abu Samra,Hacer Başer
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
РАМАЛА (АА) - Здружението на палестински новинари соопшти дека некои палестински затвореници во израелскиот затвор „Ецион“ се заболени од кожни болести поради лошите услови во овој затвор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на ова здружение, Џаклин ел Фарарџа, во писмено соопштение истакна дека дел од палестинските затвореници со кои разговарал, биле заболени од кожни болести поради лошите здравствени услови во затворот.
Според ова соопштение, Фарарџа рече дека 19-годишниот Мухамед Ајиш Ебу Марја ја пренесол состојбата во која се наоѓаат, и истакнал дека поради недостаток на хигиена во затворот им се појавиле некои црвени дамки на кожата и дека се чешаат.
„Нечистотијата во местото каде што престојуваме е на трагично ниво. Постелнината што ни ја даваат е многу нечиста, и има многу лош мирис. Не може да се користи. Јадењата се многу лоши и мораме да ги фрлиме“, нагласил Ебу Марја.
Емани Серахане, претставник на Здружението на палестински затвореници одговорен за медиумите, во изјава за новинарот на АА истакна дека израелската администрација затворот „Ецион“ го користи како место за собирање во јужниот дел на Западен Брег, каде што ги собира палестинските затвореници пред да бидат пренесени во центрите за испрашување.
Серахане рече дека затворот е лишен од условите како чистотија, јадење и лекови.
Според податоците на Здруженеито на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци.