Ekip
03 Јануари 2022•Ажурирај: 04 Јануари 2022
РАМАЛА
Палестинците одржаа неколку митинзи во окупираниот Западен Брег за поддршка на притвореникот кој штрајкува со глад во израелскиот затвор, јавува Агенција Анадолија (АА).
Хишам Абу Хаваш штрајкува со глад веќе 140 дена како знак на протест поради неговото апсење без обвинение или судење, според израелската политика на административен притвор.
Десетици Палестинци маршираа во градот Рамала за да ја повикаат меѓународната заедница да интервенира за ослободување на Абу Хаваш од затвор.
Два митинзи исто така беа одржани во градот Витлеем и на Универзитетот „Бирзеит“ во Рамала за да се искаже поддршка за притвореникот кој штрајкува со глад.
Во меѓувреме, палестинскиот премиер Мохамед Штајех рече дека неговата влада внимателно ја следи здравствената состојба на притвореникот кој штрајкува.
Зборувајќи на состанокот на Владата денес, Штајех рече дека испратил писма до меѓународните институции за да побара помош за ослободувањето на Абу Хаваш.
Абу Хаваш од градот Дура, во јужниот дел на Западниот Брег, беше притворен од израелските сили на 27 октомври 2020 година и ставен во административен притвор, политика што им дозволува на израелските власти да притвораат лица на шест месеци без обвинение или судење, а потоа можат да го продолжат притворот на неопределено време.
Според организациите за затвореници, има околу 4.650 палестински затвореници во израелските затвори, вклучително и најмалку 500 лица држени без обвинение или судење.