Sinan Doğan
20 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
МЕКСИКО СИТИ
Во Мексико од последици преизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа 686 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заменик министерот за здравство, Хуго Лопез-Гател, соопшти дека во последните 24 часа починале 36 лица, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 е зголемен на 686.
Воедно потврдени се 764 нови случаи на заразување, односно вкупно 8.261.
Од последниците на зараза се излекувале 3.087 лица.
Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор на социјална мрежа соопшти дека се наоѓаат на добра позиција кога станува збор за борба против заразата.
„Го замолуваме народот да се придржува до правилата за социјална дистанца, бидејќи гледаме дека ни оди добро. Додатно почитувате ги медицинските работници и настојувајте да останете дома“, изјави Обрадор.
Во главниот град на Мексико слета и авион со медицинска опрема и материјали од Кина.
Од Кина во Мексико на 7 април слета авион во кој се наоѓаа десет тони ракавици, маски и медицинска опрема.