свет

Панел по повод 15 јули се одржа во Гостивар

- Во Гостивар се одржа панел на тема „Што се случи ноќта на 15 јули при предавничкиот обид за пуч од страна на апаратот на империјалистичкото ФЕТО“

Dzihat Aliju  | 27.07.2024 - Обновена : 27.07.2024
Панел по повод 15 јули се одржа во Гостивар Фото: Џихат Алију

ГОСТИВАР (АА) - Во Гостивар се одржа панел на тема „Што се случи ноќта на 15 јули при предавничкиот обид за пуч од страна на апаратот на империјалистичкото ФЕТО“, известува Анадолу.

Под покровителство на амбасадата на Туркије во Скопје, панелот се одржа во просториите на Здружението АДЕКСАМ во Гостивар, во соработка со Здружението 15 јули, Институтот „Јунус Емре“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), турската фондација Маариф и Сојузот на турските невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), на кој присуствуваа претставници на турската амбасада, претставници на турските институции и организации во земјава, гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели и голем број гости.

На панелот свои обраќања имаа претседателот на Комисијата на загинати херои и бранители на Здружението „15 јули“, Ахмет Алкилич, Нермин Ерџан, мајката на загинатиот херој Јилмаз Ерџан, неговиот татко Мелих Фуат Ерџан и Ѓокхан Ишџан, ветеран од 15 јули.

Програмата која започна со интонирање на националната химна на Туркије, продолжи со читање на делови од Куранот, а беше прикажано и видео од ноќта кога беше изведен обидот за државен удар.

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, кој го одржа воведниот говор, рече дека панелот е организиран во спомен на болниот настан и да се молат овие болни спомени никогаш повеќе да не се повторат.

Посочувајќи дека овој предавнички обид уште еднаш го откри лицето на терористичката организација која ја загрозува не само Туркије туку и целиот свет, Ибрахим нагласи дека ФЕТО како во секоја земја, исто така, претставува закана и за Балканот и Северна Македонија.

Потсетувајќи дека Балканот бил сведок на различни борби за моќ во текот на историја поради својата стратешка позиција и етничката разновидност, Ибрахим рече:

„Активностите на ФЕТО на овие простори го загрозуваат општествениот мир и суверенитетот на државите. Во Северна Македонија ФЕТО се труди да влијае врз општеството преку образовни институции и невладини организации.“

Истакнувајќи дека ноќта на 15 јули, кога беше извршен обидот за државен удар, уште еднаш ја покажал моќта на турската нација и демократијата, Ибрахим нагласи дека заканата од ФЕТО е валидна закана не само за Туркије, туку и за целиот свет, и ја истакна важноста од меѓународната соработка и солидарност за елиминирање на оваа закана.

По воведниот говор, за сѐ она што го доживеале ноќта на 15 јули зборуваа Ахмет Алкилич, претседателот на Комисија за загинати херои и ветерани на Здружението 15 јули, Нермин Ерџан, мајката на загинатиот херој Јилмаз Ерџан, неговиот татко Мелих Фуат Ерџан и Ѓокхан Ишџан, ветеран од 15 јули.

Во рамки на програмата молитви читаше гостиварскиот муфтија Зендели, а на сите кои го поддржаа панелот им беа врачени подароци, а беше поделена и алва во спомен на загинатите херои.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.