Şenhan Bolelli
13 Февруари 2019•Ажурирај: 14 Февруари 2019
МАДРИД (АА) - Папата Франциско, духовен лидер на католичкиот свет, рече дека во Венецуела сè уште нема поволни услови за да може Ватикан да интервенира и да посредува за решавање на политичката криза, пренесува Anadolu Agency (AA).
Папата Франциско со писмо одговори на писмото на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Тој во писмото од 3 февруари, од папата побара помош за ситуацијата во неговата земја.
Италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ објави дел од писмото на папата Франциско испратено до Мадуро.
Во своето писмо од 7 февруари, по барањето на Мадуро за посредување во кризата, папата Франциско напиша дека сè уште не се исполнети условите за посредување во Венецула.
Папата, нагласувајќи дека општата благосостојба на венецуелскиот народ треба да биде над сите видови лични интереси, рече дека страните треба да работат за единството и мирот во земјата.
Папата, исто така, истакна: „Католичките свештеници во Венецуела прават големи напори за мирен и институционален излез од кризата во земјата“.