Ecenur Çolak
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
ВАТИКАН (АА) - Папата Франциско се заблагодари на премиерката на Бангладеш, Шеик Хасини, поради прифаќањето на бегалците од Аракан, Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата за медиуми на Ватикан е соопштено дека папата организирал прием за Хасини, која подоцна се состана со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.
На состаноците е разговарано за билатералните односи, но и посетата на папата на Бангладеш.
Папата Франциско и официјалните лица на Ватикан изразија благодарност до Бангладеш заради прифаќањето на муслиманите од Аракан.
Исто така, изразена е и желба да се постигне праведно и трајно решение кое ќе го заврши страдањето на муслиманите од Аракан.