Ali H. M.Abo Rezeg
12 Февруари 2018•Ажурирај: 13 Февруари 2018
КАИРО (АА) - Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, денес изјави дека Вашингтон го поддржува Египет во борбата против тероризмот, додавајќи дека неговата земја останува посветена на постигнување на мирот на Блискиот исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Тилерсон ги даде овие забелешки за време на заедничката прес-конференција во Каиро со египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри.
Тилерсон за новинарите изјави дека Вашингтон го поддржува Египет во тековната борба против терористичката организација ДЕАШ.
Тој исто така ги повтори повиците за слободни и фер избори во Египет, каде претседателските избори се закажани за наредниот месец.
Во однос на регионалниот мировен процес, државниот секретар на САД ја потврди посветеноста на Вашингтон за постигнување траен мир меѓу Израел и Палестинците.
Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, изјави дека преговорите со Тилерсон во поголем дел се фокусирани на борбата против тероризмот и последните случувања во регионот.
Тој нагласи дека неговата земја моментално спроведува опсежна кампања со цел искоренување на тероризмот од египетска територија.
Шукри исто така ја пофали продолжената поддршка на САД за Египет во војната против регионалните терористички групи.
„Постои заедничка визија и желба за да продололжиме да работиме заедно со цел стабилизирање на тензичните подрачја во регионот“, вели тој.
Тилерсон вчера пристигна во Египет, прва дестинација од неговата турнеја во рамките на која исто така ќе ги посети и Турција, Јордан, Либан и Кувајт.
Неговата посета во Египет е втора по ред оваа година од страна на највисоко официјално лице на САД.
На 20 јануари, заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, го посети Каиро за да дискутира со официјалните лица на Египет за билатералните односи и прашањето околу Ерусалим (Кудс).
Минатиот декември, американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим (Кудс) за главен град на Израел, при што предизвика големи осуди и протести ширум арапските и муслиманските земји.