ИСТАНБУЛ (АА) - ИСМАИЛ ОЗДЕМИР - Килич Бугра Канат, истражен директор за Вашингтон во Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (SETA), истакна дека американската јавност не е доволно свесна оти Америка соработува со една терористичка организација којашто претставува закана за сојузникот на НАТО, и дека американската јавност не е заинтересирана за надворешната политика, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Маслинова гранка“ што се спроведува во сирискиот град Африн од страна на Турските вооружени сили (ТСК) е во тек.
Првичните изјави на Америка за случувањата во Африн, од типот „Операцијата не е наша зона“, со текот на времето следеа изјавите од типот „Загрижени сме“.
Експертите разговараа со АА за американските изјави околу ЈПГ/ПКК и политиката во регионот.
Канат, истражен директор за Вашингтон во Фондацијата „SETA“, нагласи дека САД, коишто на почетокот изјавуваа дека Африн не е нивна зона за операција и дека тоа не ја интересира директно нивната земја, одеднаш започна да изразува загриженост околу Африн.
Канат рече дека постепено зачестуваат изјавите од типот „Загрижени сме“.
„Америка е загрижена за тоа, нивните односи со ЈПГ да не бидат нарушени од операцијата „Маслинова гранка“, рече тој, и додаде дека она што Турција и Русија се договориле за Африн е друго прашање коешто ја загрижува Америка.
„Јавноста во САД не е доволно свесна дека Америка соработува со една ленинистичка, марксистичка терористичка организација, со една терористичка организација која претставува закана за сојузникот на НАТО. Американската јавност не е многу заинтересирана за прашањата околу надворешната политика, не дека не е информирана, туку не е заинтересирана“, нагласи Канат, и додаде дека политиката на Турција околу ЈПГ/ПКК е многу јасна.
„На Турција ѝ беа дадени бројни ветувања за Мунбич. Моментално во Америка не се забележува админстрација што ќе биде верна на овие ветувања. Не се гледа ниту некој план за Мунбич. Во објавената стратегија за Сирија, нема ништо во врска со ЈПГ. Америка самата не знае што ќе прави со ЈПГ“, истакна Канат.
- „Различни актери се појавуваат на преден план во Сирија“ -
Доц. д-р Емре Ершен, професор на Факултетот за политички науки при Универзитетот Мармара, нагласи дека САД веќе го гледаат ЈПГ/ПКК како еден од актерите во Сирија.
Истакнувајќи дека поради тоа што во Сирија нема владина сила, се појавуваат различни актери на преден план. Ершен рече дека меѓу нив се наоѓаат и терористички елементи, како ДЕАШ и ЈПГ/ПКК.
Тој истакна дека Русија, исто како и Америка, сака овие актери да ги држи во свои раце, како пиони на теренот.
„САД го поддржува ЈПГ за да не ги донесе своите војници на терен. И Русија како актер се наоѓа во Сирија, но сака веќе да ги минимизира трошоците. Во март 2018 година во Русија ќе се одржат претседателски избори. Пред овие избори Русија треба да му понуди нешто на својот народ. Затоа не сака да направи воена инвестиција во Сирија, и ќе премине во една политичка фаза“, додаде Ершен.
Како што рече тој, Америка ја признава ПКК како терористичка организација, но дека ПКК не се наоѓа на листата терористички организации во Русија.
„Кај Русија постои ваква разлика, а има и интересна контрадикција. САД ја признава ПКК како терористичка организација, додека Русија не ја признава како таква. Но, тука односите на Америка со ЈПГ се поинтензивни“, додаде Ершен.
„Меѓу Русија и Турција во Сирија постои состојба на меѓузависност. Инаку не би можеле да функционираат, покрај толку несогласувања. Русија е свесна дека без активна соработка со Турција, нема да го постигне посакуваниот резултат. Турција е најважниот актер што ги држи под контрола организациите во Идлиб“, истакна тој.
- „Турција треба многу добро да ја следи линијата Америка - Русија“ -
Ершен вели дека Русија ѝ го отворила патот на Турција во Африн, бидејќи има потреба од меѓусебна соработка.
„Процесот во Сочи се наоѓа во прв план во агендата на Русија. Русија чувствуваше жалење поради операцијата „Маслинова гранка“ на Турција, затоа што дојде точно во Сочи. Турција треба многу добро да ја следи линијата Америка - Русија, бидејќи и тие меѓусебно прават различни зделки, независно од Турција. Затоа прашањето околу ЈПГ е важно. Ако за момент Турција се почувствува исклучена, тоа ќе предизвика проблеми и во аспект на иднината на воздушните операции. Треба и на тоа да се мисли“, рече Ершен.
Доц. д-р Ершен рече дека во полза на Русија е да дојде до тензии во односите меѓу Турција и Америка, во случај да се актуелизира операцијата во Мунбич.
„Не треба да заборавиме дека односите на Русија со ЈПГ се во многу тензична состојба. Поради тоа што Курдите го гледаат ЈПГ како најзначаен актер, Русија има потреба и од него. Моментално, Мунбич е многу поважен за Америка. Мислам дека САД ќе забележат оти нема да имаат корист од исклучување на Турција. Прашањето за Мунбич можат да го решат и на друг начин. Не треба да се заборави дека постои ветување коешто е дадено на Турција“, додаде Ершен.