Associated Press
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
ВАТИКАН (АА) - Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско ги повика властите на европските земји да им помогнат на мигрантите кои биле принудени да ги напуштат своите земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Во редовното неделно обраќање пред илјадници верници на ватиканскиот плоштад „Свети Петар“, папата Франциско изрази надеж дека владите ќе постигнат договор кој ќе обезбеди заштита на мигрантите.
Тој изјави дека владите се стремат кон воспоставување на безбедни миграции врз основа на светскиот пакт кој би бил во согласност со хуманите и одговорни односи кон мигрантите.
„Сите луѓе се повикани да помогнат во процесот на адаптација и прилагодување на мигрантите во заедниците кои ќе ги примат“, изјави папата Франциско.